Поврзете се со нас

Франција

Кратко траеше престојот на „Велодром“: Гатузо доби отказ од Олимпик Марсеј

Објавено

на

foto:www.facebook.com/OlympiqueMarseilleENG

Италијанскиот фудбалски стратег, Џенаро Гатузо нема повеќе да го води поранешниот европски шампион Олимпик Марсеј.

Марсеј веќе некое време игра лошо и бележи резултати под своето ниво, па по вчерашниот пораз од Брест од 1-0 во ситуација кога тимот имаше играч повеќе на теренот, управата на клубот од „Велодром“ дека е време за разделба со популарниот Рино по само пет месеци.

Францискиот клуб има забележано само една победа во оваа 2024 година и тоа во Купот, а последниот лигашки триумф е забележан дури во декември кога беше добиен Клермон со 2-1.

Според информациите наследник на Гатузо треба да биде искусниот Жан-Луи Гасе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни