Поврзете се со нас

Свет

Кратко траеше пензијата, Робен наскоро се враќа на фудбалот и поптишува за изненадувачки тим?

Објавено

на

На крајот на минатата сезона, Арјен Робен објави дека ќе стави крај на својата богата кариера и нема да продолжи во друг клуб кога договорот со Баерн Минхен ќе му истече.

Холанѓанецот оваа сезона ја минува како пензиониран фудбалер, но во неколку наврати посочи дека тоа почнало да му пречи и дека мисли дека може да игра уште малку.

– На почетокот фудбалот не ми недостигаше, но во последно време се потешко ми е да поминам ден без фудбал. Мислам дека би сакал да играм уште малку, -изјави неодамна Робен.

Пензијата на одличниот фудбалер е подготвен да ја прекине бразилскиот тим на Ботафого кој планира да испрати понуда до Робен.

Тоа го потврди и претседателот на клубот од Рио де Жанеиро, Рикардо Ротенберг.

– Робен е мој идол, мислам дека е прекрасен играч. Секогаш постои ризик кога нешто предолго не сте правеле, но сеедно јас сум во контакт со него, а тој беше задоволен со мојата понуда, -изјави Ротенберг.

Освен Робен, во Ботафого преговараат за ангажман на уште две големи ѕвезди кои се во поодминати фудбалски години и тоа Јаја Туре и Микел Есиен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни