Поврзете се со нас

НБА

Кратко траеше паузата: Бикерстаф повторно ќе биде главен тренер во НБА лигата

Објавено

на

foto: x.com/theScore

Џеј-Би Бикерстаф пред нешто повеќе од еден месец остана без работата и тоа откако Кливленд Кавалирс одлучи да му се заблагодари за неговите услуги по пет години минати во клубот од Охајо.

Меѓутоа често се случува една врата да се затвори, а друга да се отвори што е во случајот со Бикерстаф кој експресно пронајде нов ангажман и во иднина ќе биде предводник на Детроит Пистонс.

Пистонс одлучи да се раздели со Монти Вилијамс откако клубот имаше катастрофална сезона со учинок 14-68, односно го отпушти иако одработи само една од предвидените шест години со договор вреден 78.5 милиони долари.

Договорот пак на Бикерстаф е на пет години. Ова за него е четврта работа како главен тренер по оние во Хјустон Рокетс, Мемфис Гризлис и споменатиот Кливленд Кавалирс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни