Поврзете се со нас

Англија

Кратко ќе трае авантурата на „Емирејтс“: Познато каде ќе продолжи Давид Луиз кога неговиот договор со Арсенал ќе истече

Објавено

на

Бразилскиот фудбалер, Давид Луиз во последните денови од преодниот рок минатата сезона успеа да реализира изненадувачки трансфер во Арсенал.

Ваквиот потег навивачите на Челси го дочекаа со голем гнев, па Давид Луиз веднаш беше „нападнат“ на социјалните мрежи.

Иако се очекуваше фудбалерот да ја донесе потребната цврстина во одбраната на „топчиите“, тоа не се случи, па Бразилецот беше еден од најслабите играчи на клубот во досегашниот дел од сезоната.

Токму затоа, уште од сега од Арсенал донеле одлука да не го продолжуваат неговиот договор кој ќе истече по крајот на следната сезона.

Како што пишуваат медиумите во Англија, голема е веројатноста Давид Луиз веќе следното лето да се врати во Бенфика, клубот од каде пристигна во таборот на Челси.

Од Арсенал пак се во постојана потрага по замена за Давид Луиз, а како можна опција се споменува и стоперот на Барселона, Самуел Умтити. Во клубот сигурно од следната сезона ќе игра Вилијам Салиба кој Арсенал го купи минатото лето, но го остави на позајмица во Сент Етјен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни