Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Краснодар и Салцбург со пресврти до значајни победи во ЛШ

Објавено

на

Екипите на Краснодар и Салцбург остварија важни победи и направија сериозен исчекор кон пласман во групната фаза на ЛШ.

Рускиот тим на домашен терен го победи ПАОК со 2-1, а пак со истиот резултат Салцбург беше подобар од Макаби Тел Авив на гостувањето во Израел.

Клаесон и Кабелја беа креатори на пресврт триумфот на Краснодар, додека пак Собослаи и Окугава го избришаа погодокот на Битон во Тел Авив и со тоа го ставија во поволна позиција австрискиот шампион пред реваншот закажан за 30 септември.

Во третата вечерашна средба Славија Прага и Митјиланд одиграа без победник и без голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни