Поврзете се со нас

Германија

Крамариќ ја подели јавноста: Го уништи Дортмунд, но имаше ли потреба од понижување на голманот Бирки? (Фото)

Објавено

на

blank

„Милионерите“ беа понижени на домашен терен во последното коло од сезоната во Бундеслига, па без оглед на тоа што средбата немаше никакво резултатско значење, навистина нестварно звучи тоа што Борусија загуби од Хофенхајм со 0:4.

Уште поневеројатно е тоа што сите четири гола за гостинскиот тим ги постигна еден играч, и тоа во период од 42 минути. Од 8-та до 50-та минута од средбата на „Сигнал Идуна парк“, Андреј Крамариќ дури четири пати ја затресе мрежата на домашниот тим, со што стана апсолутен хит во Германија и го имаше најдоброто индивидуално издание во завршната рунда.

„Покерот“ голови без никаков сомнеж е и негова најдобра партија во кариерата во Бундеслигата, но Хрватот го сврте вниманието на себе и со начинот на кој го постигна последниот гол.

Крамариќ отвори огромна дебата на социјалните мрежи, односно ги подели фудбалските фанови со изведабата на ударот од белата точка.

Напаѓачот го изведе пеналот без да ја гледа топката, па на социјалните мрежи се поставува прашањето дали тоа е фудаблска мајсторија, или пак непотребно понижување кон голманот Бирки во ситуација кога неговиот тим има уверливо водство од 0:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни