Поврзете се со нас

Германија

Крамариќ бесен по „петардата“ од Баерн: Ако кажам што мислам, ќе ја добијам најголемата казна во историјата

Објавено

на

Хофенхајм претрпе убедлив пораз на вчерашното гостување кај Баерн Минхен, пораз од 5-0 која е потврда за очајната ситуација во која се наоѓа тимот кој во блиското минато се бореше и играше во европските купови.

Во тековнава сезона има освоено само 14 бода и се наоѓа на 16 место на табелата, па најдобриот стрелец и играч Андреј Крамариќ одлучи да биде многу директен и јасно да порача дека црвениот аларм веќе одамна е запален и мора да се преземат мерки за да не се случи клубот да испадне во втората лига.

-Не сакам да зборувам за натпреварот бидејќи ми беше јасно дека тоа ќе се случи. Оваа игра е слика на целата сезона. Оваа сезона е големо срање, да бидам искрен. Уште сум благ затоа што ако ја кажам вистината и што мислам за клубот, веројатно ќе ја добијам највисоката казна во историјата на Бундеслигата. Има причина зошто сум толку лут на клубот за се што направија во последните месеци. Толку пари вложивме за џабе.

-Затоа не сакам да зборувам за денешниот натпревар бидејќи сега сме во опасност од испаѓање. Имаме добри играчи, но тоа не функционира. Сè уште сум благ, но мислам дека ќе бидам пожесток. Им благодариме на навивачите кои не поддржуваат цело време. Тие знаат што се случува…

-Ова е прв пат во мојата кариера да се чувствувам вака затоа што чувствувам големо срање во клубот. Ако никој не го смени, јас ќе го сменам. Затоа што сме во опасност од испаѓање. Кога ќе почнам да зборувам, сите ќе слушаат, -истакна Хрватот кој е легенда на клубот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни