Поврзете се со нас

Шпанија

„Кралски потег“ на Реал: Го купи Хоселу за да го олесни неговиот трансфер во новиот клуб! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид имаше блескава сезона и истата ја заврши со три освоени титули, првата во шпанскиот Суперкуп, а последната и најважна во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ ја потврдија доминацијата во Европа со 15-та титула во Лигата на шампионите, но исто така славеа и во Ла Лига каде ја детронизираа Барселона.

Карло Анчелоти го извади тимот на прав пат и покрај големиот број проблеми на стартот на сезоната, меѓутоа и покрај големиот успех, тоа не значи дека шампионскиот тим ќе се задржи во целост.

Тони Крос најави пензија, Начо се договори за трансфер во Саудиска Арабија, а истиот чекор го презема и Хоселу кој беше најпријатно изненадување изминатава сезона.

Позајмениот играч од Еспањол си заврши одлична работа и беше херој во полуфиналето со Баерн, па за да му искаже благодарност за тоа што го направи, Реал сега се поокажа и со еден џентлменски и кралски потег кој доликува за Флорентино Перез.

Бидејќи неговите права требаше да ги застапува Еспањол од 1-ви јули, повратникот во Ла Лига побарал многу голема отштета од саудиски клуб и планирал да го отежни трансферот, но во средина на овој проблем како спасител излегол Реал Мадрид.

„Кралевите“ ја активирале откупната клаузула вредна 1,5 милион евра која беше активна до крајот на овој месец, се со цел да му овозможи на Хоселу да си го реализира договорениот трансфер во Саудиска Арабија.

Како што јавуваат шпанските медиуми, Хоселу ќе настапува за Ал Гарафа, а голема заслуга за реализирање на трансферот има Флорентино Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни