„Кралска“ акција за потврда на победата: Бензема, Иско и Касемиро ја збунија одбраната на Малага (Видео)

isko-moli

Зинедин Зидан одлучи да им даде одмор на Кристијано Роналдо и Герет Бејл на денешното гостување кај „фенерџијата“ Малага, а мора да се напомене дека Реал Мадрид и со половина сили се справи во последно пласираниот тим на табелата во Примера.

Играч на натпреварот дефинитивно беше Иско Аларкон кој брилјираше пред публиката која порано ја воодушевуваше со потезите како фудбалер на Малага, не само поради голот од слободен удар кој го постигна во првиот дел, туку и поради несебичноста која ја покажа во ситуација кога „кралевите“ изведоа мајсторска акција.

Карим Бензема најпрво со едно генијално движење го проигра Иско во шеснаесетникот, а овој го проигра осамениот Касемиро со што ја збуни одбрана на Малага која едноставно немаше лек за овој против напад.

Пред самиот кај на мечот, Ролан постигна почесен гол за 1:2, а веднаш после тоа судијата означи крај на натпреварот.

Facebook Коментари