Поврзете се со нас

НБА

„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс славеше над Голден Стејт Вориорс во дербито на Западот во НБА лигата во меч во кој го одбележа ветеранот Леброн Џејмс.

Иако Џејмс веќе влезе во петтата деценија од животот тој едноставно е незадржлив и потврда за тоа се 42 поени, 17 скока и 8 асистенции против „воините“ со што влезе во историјата како втор играч по Мајкл Џордан кој постигнал 40+ кошеви на 40+години во најсилната лига на светот.

„Кралот“ реализираше дури шест тројки на ова соочување, а особено импресивни беа оние три во низа во вториот период кога за 48 секунди испрати три прецизни „проектили“ од кој последниот беше скоро од половина терен за ерупција на домашните навивачи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни