„Кралот“ не можеше да ги запре солзите: Младиот Леброн со еден потег ги разбуди емоциите кај Џејмс (Видео)

lebron-broni

Леброн Џејмс е еден од играчите чие име дефинитивно со големи букви ќе биде запишано во историјата на НБА лигата и кошарката со оглед на тоа што се направи во изминативе години со тоа што дефинитивно мора да се посочи дека „кралот“ се уште е активен и може испише уште некоја страница во својата биографија.

Џејмс во минатото има потенцирано дека посакува, односно голема желба е да заигра заедно со неговиот син Леброн Џејмс Џуниор во НБА лигата, а дали тоа ќе се случи останува да видиме. Меѓутоа на младиот Леброн уште отсега му се предвидува завидна кариера, поточно експертите тврдат дека има потенцијал за големи работи, за врвот.

Популарниот Брони напорно работи за да ги исполни тие очекувања, а најдобар доказ за тоа е што вежба и во пет часот наутро. Тој работеше на неговото забивања, потег со кој изнуди солзи од неговиот татко. Имено ѕвездата на ЛА Лејкерс се огласи на социјалните мрежи посочувајќи колку му значи што го гледа неговиот син како работи и ја развива работната етика за да дојде до посакуваната цел.

Facebook Коментари