Поврзете се со нас

НБА

„Кралот“ како во најдобрите денови: Клиперс водеше 21 разлика во последната четвртина, Леброн направи пресврт со нереално издание (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Леброн Џејмс има 39 години и поставува нови стандарди во најсилната кошаркарска лига во светот, бидејќи и на оваа возраст, тој е еден од најдобрите кошаркари во НБА.

Доказ за тоа добивме и рано утрово на големото дерби во Лос Анџелес, каде Лејкерси успеаја да направат страшен и неверојатен пресврт во ситуација кога изгледаа загубено.

Клиперси имаа се на своја страна и се чинеше дека лесно ќе стигнат до триумф, но така не размислуваше „кралот“ кој го предводеше својот тим до пресврт за паметење.

Лејкерси го отворија последниот период од мечот со 21 поен негатива, но на крајот успеаја да извојуваат незаборавна победа, пред се благодарение на својот лидер кој постигна дури пет тројки и забележа 19 поени во четвртата четвртина.

Кошаркарската симултанка на Леброн ги остави без текст искрените љубители на американската кошарка, бидејќи истата беше клучна за големиот пресврт и победа од 112:116.

Севкупно гледано, Леброн запиша 34 поени, а имаше и 6 скокови и 8 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни