Поврзете се со нас

Свет

„Кралевите“ се вратија на тронот во Шпанија, играч на Реал со еден потег ги налути навивачите на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид ја забележа третата победа во финалната серија против Барселона (81-74) и со тоа дојде до пехарот во АЦБ лигата.

„Кралевите“ покажаа многу повеќе во оваа борба за пехарот, покажаа многу повеќе енергија, желба да дојдат до титулата, па со вкупни 3-1 забележаа конечен триумф со кој по пауза од три години одново се најдобри во најквалитетниот шампионат на стариот континенет.

Еди Таварес со 25 поени и 13 скокови беше најдобар на паркетот, па центарот воедно го понесе признанието МВП во ова финале.

На крајот оваа четврта средба која се одигра во Мадрид донесе и еден потег кој ги налути навивачите на Барселона и кој дефинитивно нема да го заборават.

Фабијан Козер даде тројка за 79-70 на 73 секунди до крајот по што се покаже дека е готово, потег кој крена многу „прашина“ во шпанската јавност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни