Поврзете се со нас

Евролига

„Кралевите“ рутински со Звезда, Баерн преку драма до славје во Минхен (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот великан Реал Мадрид дојде до четвртото славје во низа во Евролигата и со тоа потврди дека се наоѓа во одлична форма.

Најнова жртва на „кралевите“ беше ослабената Црвена Звезда која на дуелот во Минхен настапи без неколку важни играчи, па на крајот домаќините се издборија за триумф од 79-67.

Таварес со 15 и Поарие со 14 кошеви беа најдобри стрелци кај Реал, додека на спротивната страна најсветла точка беше Холинс со 16 поени.

Баерн Минхен пак губеше девет разлика од Панатинаикос (70-61) на шест минути до крајот на пресметката во Германија, но до крајот се созема, заигра подобро, порагресивно за драматина победа од 81-78.

Хилијард и Томас искомбинираа 35 кошеви, а за Пао залудни беа 17 поени на Папапетру.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни