НБА
„Кралевите“ повлекоа (не)очекуван потег: Браун доби отказ од Сакраменто
Мајк Браун заработи отказ од тренерската позиција во Сакраменто Кинг, информираат американските медиуми.
Искусниот Браун пред само неколку месеци доби нов договор според кој требаше да ја води екипата најмалку до 2027 година, меѓутоа во спортот работите брзо се менуваат и ова е најдобра потврда за тоа.
Имено „кралевите“ имаат учинок од 13 победи и 18 порази на 31 меч во оваа сезона во НБА лигата, резултат кој е далеку од амбициите, поставените цели и раководството на Сакраменто се одлучи да реагира и да заборави на се што Браун направи добро во минатата сезони.
Имено Мајк во натпреварувачката 2022-2023 беше прогласен за тренер на годината и тоа откако успеа да му обезбеди прв плејоф на Сакраменто по 2006 година.
Тој ја завршува приказната со оваа организација со рекорд од 107-88 (победи/порази). Претходно Браун како главен тренер работеше во Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Лејкерс, а искуство како асистент има собирано уште во Голден Стејт Вориорс, Индијана Пејсерс, Вашингтон Визардс и Сан Антонио Спарс.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства15 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Светски првенства16 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
Светски првенства19 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
АТП17 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Италија23 часа
Наполи го убедува Јунајтед за трансфер на Гарначо со привлечна „клаузула“