Поврзете се со нас

Шпанија

„Кралевите“ може да здивнат: Повредата на Арда не е сериозна

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Арда Ѓулер заработи незгоден удар во финишот од мечот со Велс и веднаш побара измена, по што дефинитивно се вклучи црвениот аларм во Реал Мадрид поради сите несреќни околности во изминатите неколку дена.

До вчера, Карло Анчелоти остана без седум играчи од првиот тим и многумина веруваа дека остана и без осмиот на одреден период, но сепак последните вести кои пристигнуваат од Шпанија се смирувачки.

Арда не изгледаше добро по крајот на мечот со Велс и поктривнуваше додека го напушташе теренот, но лекарскиот тим на Турција не детектирал повреда и утврдил дека се работи само за удар.

Угледните мадридски медиуми „Марка“ и „АС“ ги пренесоа смирувачките информации за фановите на Реал, меѓутоа ова е посебно важно за Карло Анчелоти кој во краток период остана без Едуардо Камавинга, Џуд Белингам, Дани Себалјос, Ферлан Менди, Орелијан Чуамени и Едер Милитао.

Италијанецот остана без тројца од споменатите во изминатите четири дена, па сигурно ќе беше преголем удар да остане и без Арда во овој репрезентативен циклус.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни