НБА
„Кралевите“ го срушија Мајами по две продолженија, расположениот Едвардс донесе победа за „волците“ (ВИДЕО)
Екипата на Сакраменто Кингс излезе како победник од најлудиот меч кој рано утрово се одигра во НБА лигата, соочувањето со Мајами Хит во кое мораа да се играат дополнителни минути, две продолженија за да се добие победникот.
Двета состави имаа свои добри и лоши минути, па откако основниот дел заврши со 102:102 се играат уште нови десет минути во кои „кралевите“ на крајот беа подобри за конечни на крајот 123:118.
Ова за тимот кој го предводи Кристи беше петто славје во низа, тимската игра беше во прв план, комплетната старна петорка беше двоцифрена со тоа што најефикасен беше Дероузен со 30 кошеви. На спротивната страна Хакез имаше трипл-дабл, Адебајо забележа дабл-дабл, додека најмногу кошеви постигна Хиро (26).
Во „Таргет Центарот“ во Минеаполис, тимот на Минесота успеа да ја добие пресметката со Лос Анџелес Клиперс со 108:106. Едвардс потврди дека се враќа во ритам, па така откако му даде на Детроит 53 поени сега реализираше 37 со 7 скока, 8 асистенции и 1 украдена топка. Рид од клупата имаше добар придонес со 18 поени, двоцифрени беа уште Мекдениелс, Дивинченцо и Конли.
Харден и Пауел кај поразените искомбинираа 47 поени.
Резултати НБА:
Сакраменто – Мајами 123:118 (102:102, 112:112)
Бруклин – Индијана 99:113
Њујорк – Орландо 94:103
Торонто – Милвоки 104:128
Чикаго – Сан Антонио 114:110
Мемфис – Далас 119:104
Минесота – ЛА Клиперс 108:106
Детроит – Портланд 118:115
Филаделфија – Финикс 99:109.
-
Светски првенства14 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија14 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП12 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Светски првенства23 часа
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија11 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија23 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна