Поврзете се со нас

Европски првенства

Крајот на групната фаза го откри најбрзиот играч на ЕП (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/nzs_si

Вчера беше завршена групната фаза на Европското првенство и ги дознавме последните два патника во осминафиналето, а тоа се селекциите на Грузија и Турција.

Грузијците направија голема сензација и со победата над Португалија ја оставија Унгарија без нокаут фаза, но за УЕФА интересно беше да пренесе дека во втората фаза ќе ги гледаме и двајцата најбрзи играчи на турнирот.

По комплетирани 36 меча во сите групи, УЕФА објави дека Словенецот Бенјамин Шешко е најбрз играч во досегашниот тек на турнирот, бидејќи напаѓачот достигнал брзина од 35,9 километри на час на мечот со Англија.

Со тоа направил да го потисне од врвот Романецот Валентин Михаила, а во топ три е Дан Ндоје од швајцарската фудбалска репрезентација.

Интересно, меѓу најбрзите пет го нема Килијан Мбапе, но затоа во тоа друштво засега се Хојлунд и Леао како најбрз португалски фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни