Поврзете се со нас

Англија

Крајот е неизбежен: Конте се договорил за милионска компензација со Даниел Леви

Објавено

на

Англиските медиуми во понеделникот вечерта излегоа со ексклузивни информации дека Антонио Конте ќе заработи отказ за време на интернационалната пауза која ја има на клупски план, а во прилог на оваа вест дојдоа и фотографиите кои открија дека стручњакот веќе е во Италија.

Планот е Конте воопшто да не се враќа во Англија и да си остане во родната земја, сето тоа откако неговите претставници ги привршуваат завршните детали за официјална разделба со Тотенхем.

Газдата Даниел Леви со вклучил „црвениот аларм“ по експлозивното интервју кое го имаше Конте по ремито со Саутемптон, а последните информации кои пристигнуваат од Англија велат дека првиот човек на Тотенхем се договорил и за компензацијата која ќе ја добие Италијанецот.

Договорот на Конте истекува на крајот на месец јуни оваа година, но поради тоа што истиот ќе биде предвремено раскинат, клубот нема да штеди и ќе му ја исплати отштетата која ја очекува.

Добро информираните медиуми од Островот откриваат дека Конте ќе инкасира 4 милиони фунти за отказот, кој сега само прашање на време е кога ќе биде официјализиран од страна на Леви и неговите први соработници.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни