Шпанија
Крајот беше неизбежен: Димитриевски добива нов тренер во Валенсија (Фото)
Столе Димитриевски вчера со бравурозен рефлекс не дозволи дополнителен шок за навивачите на Валенсија, кои сепак не беа воопшто задоволни од своите миленици и по ремито со Алавес кое беше недоволно за да се избегне опасната зона.
„Лилјаците“ влегоа во сериозна резултатска криза од крајот на минатата сезона и тимот на Димитриевски забележа само 2 победи на последните 25 натпревари, серија која конечно го натера раководството на клубот да ја загуби довербата кај тренерот.
Рубен Бараха во изминативе две недели потенцираше дека тој нема да го напушти „бродот кој тоне“, но иако не се откажа, челниците на клубот се тие кои донесоа конечно решение за негов отказ.
Валенсија попладнево официјално информираше дека Бараха од денеска веќе не е тренер на првиот тим, а со оглед на тоа што се работи за вистинска фудбалска легенда на „Месталја“, клубот му се заблагодари за целиот вложен труд и напорната работа, како и за посветеноста со која ја извршуваше функцијата.
Според информациите, прв фаворит за наследник на Бараха е Кике Санчес Флорез, тренер кој добро го познава опкружувањето во Валенсија и кој во минатото го водеше овој тим.
Валенсија ја заврши 2024-та година со реми против Алавес, но и како претпоследната екипа на првенствената табела во Ла Лига.
Comunicado oficial | @RubenBaraja
Gràcies, Pipo! pic.twitter.com/TCtyWp5um3
— Valencia CF (@valenciacf) December 23, 2024
-
Англија13 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија19 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија20 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија15 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација8 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија6 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
НБА18 часа
Морант со две лудории во низа донесе драматична победа за Мемфис (Видео)