Крај за Стоилковска на турнирот во Анталија

Stoilkovska

Магдалена Стоилковска го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Анталија (Турција) што се игра на земјени терени за вредност од 15.000 американски долари.

По вчерашната елиминанција во поединечна конкуренција Стоилковска денеска заедно со партнерката Александра Бучинска од Полска загубија од вторите носителки Тена Лукас и Елени Кордолаими.

Хрватско-грчката комбинација славеше на теренот број два по еден час и 14 минути игра со 6-3 и 7-5 во сетови.

Facebook Коментари