Поврзете се со нас

Македонија

Крај на втората етапа во Тетово: Ибраими и Шкендија спогодбено се разделија

Објавено

на

Агим Ибраими минатата година направи кам-бек во Шкендија откако како слободен играч пристигна од Домжале, но неговата втора етапа во Тетово краеше доста кратко, бидејќи двете страни вечерва се одлучиле за предвремен и спогодбен прекин на соработката.

Поранешниот македонски репрезентативец одново ќе има улога на слободен агент и ова лето ќе треба да си пронајде нов клуб, а од понудите кои ги има на маса, за претпоставка е дека повторно ќе гради интернационална кариера со оглед на тоа што неговите финансиски потреби не може да ги задоволи ниту еден клуб од нашето првенство.

Ибраими беше најскапо платен фудбалер во Првата фудбалска лига оваа сезона, но со оглед на кризата која настана со коронавирусот, клубот од Тетово процени дека веќе не може да го задржи во своите редови.

– Агим Ибраими веќе не е дел од Црвено-црните, соработката е прекината со меѓусебна согласност. КФ Шкендија ја соопштува одлуката за прекинување на соработката со Агим Ибраими. Претседателството и фудбалерот меѓусебсно се согласија дека разделбата е во интерес на двете страни.

– Во оваа прилика, КФ Шкендија му се заблагодарува на Агим Ибраими за неговиот придонес во периодот во кој беше дел Црвено-црните, а притоа му посакуваме се најдобро во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни