Крај на шпекулациите: Познато каде ќе игра Ребиќ следната сезона

ante-rebic4

Играчот кој изненади многумина со своите настапи на Светското првенство во Русија, Анте Ребиќ конечно стави точка на шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во некој европски гигант.

Хрватот денес потпиша нов договор со Ајнтрахт Франкфурт кој ќе го задржи во тимот до 2022 година.

За 24 годишниот фудбалер постоеше сериозен интерес од неколку европски гиганти како Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Севилја. Сепак, на крајот Ребиќ одлучи да остане во тимот кој му даде прилика да се докаже во најсилната конкуренција.

Facebook Коментари