Крај на шпекулациите: Хамилтон во Мерцедес и во следните две години

hamilton-ferrari

Британскиот формула 1 возач, Луис Хамилтон потпиша нов двегодишен договор со Мерцедес кој ќе го задржи во тимот до крајот на 2020 година.

Со ова се затвораат неколкумесечните преговори помеѓу тимот и Хамилтон, а според медиумите во Англија, новиот договор на Хамилтон е тежок 40 милиони фунти за една година.

Прославениот пилот на Мерцедес по потпишувањето на договорот истакна дека во ниту еден момент не помислил дека ќе си замине од тимот, и дека сето ова било само формалност.

-Ова продолжување на договорот всушност претставува само една обична формалност откако јас и Тото седнавме да разговараме во текот на зимата. Добро е што ставивме потпис, го објавивме, и сега можеме да се вратиме на работа како вообичаено. Јас сум дел од семејството на Мерцедес 20 години и никогаш не сум се чувствувал посреќен од сега- коментираше Хамилтон.

Facebook Коментари