Поврзете се со нас

Свет

Крај на сезоната за Димитријевиќ и Уникс, ЦСКА го освои трофејот во ВТБ лигата

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Уникс Казањ на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден неубедлив натпревар на домашен терен и загуби од ЦСКА Москва во финалната серија на ВТБ лигата.

Домаќините играа солидно се до третиот период, во кој ЦСКА направи двоцифрена разлика, а во продолжение постојано водеше и диктираше темпо на теренот за конечни 55:66.

Димитријевиќ немаше свој шутерски ден и не успеа да погоди ниту една тројка од пет обиди, а го заврши натпреварот со 9 поени, 3 асистенции и 1 скок.

Рејнолдс со 18 поени беше најефикасен кај Уникс, додека во редовите на ЦСКА, Астапкович реализираше 12, а Џекири 11 поени.

ЦСКА оствари три гостински победи во оваа серија и заслужено стигна до триумф со 4:1 во серијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни