Поврзете се со нас

Англија

Крај на приказната: Руни си заминува од Дерби Каунти

Објавено

на

Англиската фудбалска легенда, Вејн Руни не сака повеќе да го води тимот на Дерби Каунти.

Тој денеска го информирал клубот дека сака веднаш да биде ослободен од должноста менаџер на првиот тим.

Дерби веќе некое време има финаниски проблеми и останува неизвесно што ќе биде со тимот кој испадна од Чемпионип лигата. Руни и покрај сите препреки успеа да има солидни резултати, да го извади максумумот, но неговата желба, посветеност да помогне во овие тешки времиња едноставно не беше доволна.

-Чувствувам дека клубот сега треба да го води некој со свежа енергија и на него да не влијаат настаните што се случија во последните 18 месеци, -истакна Вејн.

Ова за Руни беше прва работа како менаџер и ќе биде интересно да се види за што ќе се одлучи по овој предизвик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни