АТП
Крај на најпријателската врска во тенисот: Вавринка објави голема промена пред стартот на Ролан Гарос (Фото)
После осум незаборавни години минати заедно, освоени три грен слем титули и искусени моменти за паметење, Станислас Вавринка и Магнус Норман ставија крај на својата соработка која беше исклучително успешна.
Искусниот тенисер од Швајцарија објави голема промена во својот стручен штаб во пресрет на настапот на Ролан Гарос, а со тоа и соопшти на јавноста дека е ставен крај на најпријателската врска на релација тренер-играч во тенискиот свет.
– Ти благодарам! После осум фантастични години минати заедно, јас и Магнус Норман одлучивме да одиме по различни патишта по взаемна согласност. Имавме неверојатно силно, уживачко и исклучително успешно дружење. Ги достигнавме височините на овој спорт заедно и му благодарам што ми помогна да го освојам она за што сонував.
– Тој е фантастичен тренер, пријател и ментор и тој секогаш ќе биде мој драг пријател. Сакам јавно да му се заблагодарам за максималната посветеност во обидот да ме направи подобар тенисер низ годините.
– Освоените три грен слем титули ми го променија животот и не можев да го направам тоа без него. Му посакувам се најдобро во неговата нова етапа во животот, – порача Стен.
-
Шпанијапред 23 часа
Белингам доби специјална награда во Мадрид, но ја изведе и својата хит прослава заедно со легендарниот Болт (Видео)
-
НБАпред 22 часа
Јокиќ брутален, Мареј го потопи Лејкерс со звукот на сирената (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Чалханоглу ги дочека своите моменти на слава и им се одмазди на тифозите на Милан (Фото)
-
Шпанијапред 18 часа
Ѓоковиќ импресиониран од еден играч на Реал: Не сум фудбалски стручњак, но тој има црти на шампион!
-
Шпанијапред 20 часа
Шпанците ја објавија аудио комуникацијата меѓу Сото Градо и ВАР за фантомскиот гол на „Ел Класико“ (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Ањели ги воодушеви навивачите на Јувентус со „поздравот“ за шампионската титулата на Интер (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Марота го издвои најважниот човек во шампионскиот поход на Интер: Покажа дека е голем победник
-
Англијапред 22 часа
Фердинанд шокиран од потегот на Антони: Очигледно не знае каде се наоѓа! (Видео)