Италија
Крај на летниот кошмар за Белгиецот: Лукаку пристигна на потпис под Везув (Видео)
Ромелу Лукаку ја заврши својата позајмица во Рома и беше приморан да се врати во Челси, клуб кој веднаш му стави до знаење дека е непожелен на тренинзите на првиот тим.
Белгискиот напаѓач се стави во ситуација да има кошмарно лето под водство на Енцо Мареска, менаџер кој реши да одвои 20-тина фудбалери од првиот тим, меѓу кои беше и Лукаку.
Ромелу подолго време тренираше индивидуално и чекаше решавања на целата непријатна ситуација, а сега истата ја дочекува во самата завршница од летниот преоден рок.
Лукаку на крајот повторно ќе има соработка со тренерот со кој има извонреден однос, откако Наполи направи и финални напори за да го донесе на Антонио Конте.
Искусниот напаѓач ова попладне пристигна под Везув и веќе беше пречекан од навивачите на Наполи, кои сега дефинитивно се уверија дека нивни нов центарфорд ќе биде Лукаку.
Повеќе од јасно е дека Ромелу пристигнува како замена за Виктор Осимен, кој пак се очекува да направи трансфер од Наполи во последните два дена од преодниот рок.
📸 Romelu Lukaku has arrived at Ciampino Airport to complete his transfer to Napoli. 🛬🇮🇹 pic.twitter.com/owfAw9S9Zu
— Football View Hub (@FootballViewHub) August 28, 2024
-
Англијапред 24 часа
Пети: Играчите на Јунајтед се кријат зад Тен Хаг…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Монако и го нанесе првиот пораз на Барселона во ерата на Флик, Хименез го нокаутираше Лајпиг на Елмас (ВИДЕО)
-
Италијапред 10 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Шпанијапред 13 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Италијапред 13 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Германијапред 9 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Формула 1пред 8 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Англијапред 12 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул