Крај на јапонската авантура: Бабунски се раздели со Јокохама

david babunski

Некогаш најталентираниот македонски фудбалер, Давид Бабунски стави крај на јапонската авантура во дресот на Јокохама Маринос.

Нашиот фудбалер не беше во плановите на тренерот на клубот и долго време не добиваше шанса за настап. Од таборот на Јокохама го потврдија раскинот на договорот со Бабунски кој инаку беше со траење до крајот на оваа година.

-Се одлучив да го раскинам договорот со клубот и жалам што си заминувам на овој начин. Сепак, сакам да изразам голема благодарност што  добив шанса да играм во мојата омилена земја, Јапонија. Чест ми беше да ги бранам боите на Јокохама и да поминам многу убав период со моето семејство и фановите- коментираше Бабунски за официјалниот сајт на Јокохама.

Се уште не е познато каде нашиот фудбалер ќе ја продолжи својата кариера. Откако имаше импресивни настапи во младите категории на Барселона, следеше неочекуван пад во неговата форма, па трансферите во Црвена Звезда и Јокохама се покажаа како погрешен потег.

Инаку во дресот на Јокохама Маринос, Бабунски на 25 официјални натпревари постигна вкупно три погодоци.

Facebook Коментари