Поврзете се со нас

АТП

Крај на извонредната серија на домашно тло: Андухар го изненади Федерер во Женева (ВИДЕО)

Објавено

на

Некогашниот светски рекет број еден, Рожер Федерер имаше неуспешен кам-бек на терените и тоа на домашно тло во Женева.

Федерер во својот прв меч од 11 март загуби од 75-светски рекет Пабло Андухар со 2-1 во сетови. Ова беше дуел кој траеше два часа и интересно сите три сета заврши со идентичен резултат 6-4.

Андухар го отвори првиот сет со 6-4, Рожер возврати со иста мера во вториот за да во третиот решавачки фаворитот поведе со 4-2 во гејмови, но тука застана и му дозволи на Шпанецот да направи пресврт и дојде до славје за четвртинале на АТП турнирот од серијата 250.

Ова за Пабло петта победа во кариерата над тенисер од првата десетка на листата (5-23). Од друга страна пак за Рожер ова значеше крај на извонредната серија од 32 триумфи во својата земја, односно за прв пат некој го победи од Хуан Мартин Дел Потро во 2013 година во Базел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни