Поврзете се со нас

Европски првенства

Крај на импресивната серија: Ова никогаш не му се случило на Роналдо (ФОТО)

Објавено

на

Португалија разочара и загуби од Грузија со 2-0 во Гелзенкирхен со што му овозможи на противникот историска пласман во нокаут фазата каде за ривал ќе ја има Шпанија.

Португалците не играа со првотимците на овој меч, ама тука беше Кристијано Роналдо кој како лидер требаше да ја поведе „втората“ постава, меѓутоа ништо не одеше според планот и селекцијата од Пиринеите доживеа шокантен пораз.

Ова воедно значеше крај на импресивната серија на Роналдо, крај на серијата која започна од 2004 година кога почна да стрела на сите големи натпреварувања во групната фаза. Меѓутоа во Германија на трите натпревари не забележа ниту еден погодок, поточно остана на асистенцијата која ја забележа против Турција.

Ама нервозниот Кристијано постави и еден рекорд, стана првиот европски играч со 50 мечеви на големите турнири.

Вечер за паметење: Кварацхелија го доби МВП признанието, па откри каков фудбалски џентлмен е Роналдо (Видео)

Ривал на избраниците на Мартинез во осминафиналето е селекцијата на Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни