Олимписки игри
Крај на една ракометна ера: Сурово е, но не можам да се жалам (Видео)
Франција на суров начин загуби од Германија воо четвртфиналето на Олимписките игри, а крајот на мечот означи и крај на една блескава и незаборавна кариера.
Никола Карабатиќ го одложуваше својот последен настап во кариерата, но вчера и дефинитивно го имаше последниот ракометен танц на најголемата спортска сцена.
Францускиот репрезентативец нема по добро да ја памети драмата со Германија и болниот пораз во продолженијата, но самиот вели дека нема за што да жали, бидејќи освои се што може да се освои во карирата.
Карабатиќ освои три златни медали на Олимписките игри, по четири титули на Европските и Светските првенства, а ја освои и Лигата на шампионите со три различни клуба.
По крајот на мечот во Париз, Карабатиќ доби стоечки овации од фановите и сите актери на теренот, што најдобро опишува какво значење за спортот имаше човекот кој многумина го сметаат за најдобар ракометар на сите времиња.
– Ова е суров пораз, но немам право да бидам тажен. Минав 22 незаборавни години како играч на Франција, тоа ми беше сонот од детството. Ги надминав сите мои соништа и не смеам да се жалам. Тажен сум, но во исто време и не сум….. Имам чудно чувство, сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи. Ги тешев по поразот, им порачав дека е чест и задоволство да се дели соблекувалната со нив. Сакав да ја завршам кариерата со уште еден медал, но веќе имам доволно во витрините, – изјави Карабатиќ.
😭 On a envie d’aller pleurer et c’est ce que je vais aller faire.
L'ovation de Pierre Mauroy pour les Bleus, pour Nikola Karabatic et pour Valentin Porte, qui mettent un terme à leurs carrières🇫🇷
Suivez #Paris2024 sur Eurosport avec Max, Canal+ et nos partenaires de… pic.twitter.com/3RIvilif3g
— Eurosport France (@Eurosport_FR) August 7, 2024
-
АТПпред 21 час
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 24 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Лига на шампионипред 6 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 19 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Мото ГПпред 18 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 7 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
АТПпред 17 часа
Ѓоковиќ детално објасни зошто олимпиското злато е повредно од сите освоени 24 грен слем титули
-
Шпанијапред 8 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува