Поврзете се со нас

НБА

Крај на една ера во НБА лигата: „Сплеш браќата“ веќе нема да играат заедно (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/warriors

Доминацијата на Голден Стејт во НБА лигата беше резултат на неверојатната тимска хемија која ја создаде Стив Кер, но и производ на еден до најдобрите тандеми во последните две децении.

Стеф Кари и Клеј Томпсон испишаа една кошаркарска ера во НБА лигата и заедно освоија четири шампионски титули, меѓутоа нивното заедничко патување полека доаѓа до самиот крај.

Популарните „сплеш браќа“ веќе нема да играат заедно поради одлуката на Голден Стејт да не отпочне преговори со Клеј Томпсон, кој ова лето како слободен агент ќе може да се бара нова средина.

Познатиот новинар Шејмс Чанарија ексклузивно пренесе дека Томпсон си заминува од матичната франшиза, а поради почитта која ја ужива во Америка, нема да недостасуваат примамливи понуди.

Според информациите, главни кандидати за неговиот потпис ќе бидат Лејкерси, Клиперси и Далас Маверикс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни