Поврзете се со нас

Македонија

Крај на една ера: Шкендија се раздели со својот најдобар напаѓач во клупската историја (Фото)

Објавено

на

После цели шест години во Тетово и откако се претвори во вистински миленик меѓу фановите на „црвено-црните“, Бесарт Ибраими стави крај на својата незаборавна авантура во Шкендија, откако и двете страни објавија дека е постигнат взаемен и пријателски договор за прекин на соработката.

Најдобриот напаѓач во историјата на Шкендија и најдобриот голгетер во историјата на македонското фудбалско првенство го прави следниот чекор во кариерата, па во исчекување на официјалниот трансфер во грчкиот второлигаш Ксанти, двете страни си разменија само убави зборови.

Ибраими и се приклучи на Шкендија во 2015-та година и оттогаш постигна 147 гола за фудбалскиот клуб од Тетово, кој сега не штедеше комплименти за својот историски голгетер.

– Бесарт, ти благодариме за се што направи за клубот. Ти благодариме за сите убави моменти, за твојот однос кон црвено-црниот дрес. Ти посакуваме многу успеси во твојата фудбалска кариера, – објави Шкендија, а Бесарт испрати емотивни зборови на Инстаграм.

– Горд сум што му служев на овој дрес и што бев дел од големите успеси на Шкендија. Можевме да направиме и повеќе, но јас го дадов најдоброто од себе во секој момент. Им посакувам на другите да го следат мојот пример и да остварат исти успеси. Почит и ви посакувам се најдобро во иднина, ваш Бесарт Ибраими, – гласи дел од пораката на Ибраими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни