Поврзете се со нас

Мото ГП

Крај на една ера: Роси ја донесе најтешката одлука во својот живот и ја соопшти на вонредниот прес!

Објавено

на

Валентино Роси ова утро свика вонредна прес-конференција, а попладнево во 16:15 часот ја соопшти веста која не сакаше да ја слушне ниту еден искрен фан на мотоциклизмот.

После цели 30 години во овој спорт, Валентино најави крај на својата неверојатна кариера, односно порача дека следните неколку месеци ќе бидат последни за него во Мото ГП.

Популарниот „Доктор“ и дефинитивно заминува во пензија по крајот на оваа сезона, што во превод значи крај на една незаборавна ера која траеше повеќе од две децении.

Роси освои седум шампионски титули во Мото ГП шампионатот, а вклучувајќи ги сите натпреварувачки категории, има девет шампионски титули во кариерата.

– Пред почетокот на сезоната, најавив дека ќе ја искористам паузата на средина на шампионатот за да донесам конечна одлука. Мојата одлука е следна. Решив да се повлечам по крајот на оваа сезона. Овие следни месеци ќе бидат последни во кои ќе се натпреварувам на овој мотоцикл и многу сум тажен. Тешко ми е да кажам дека после 30 години нема да се натпреварувам со мотоцикл, но тоа е она што го одлучив.

– Одлуката беше многу тешка, но мора да се сфати дека во професионалниот спорт, на прво место се резултатите и тие ја прават разликата. Имав шанса да продолжам и догодина да возам со свој тим, но во ред е и вака. Имаме уште половина од сезоната, ќе биде екстремно тешко кога ќе стигнеме до последната трка. Сега е момент само да ја соопштам оваа одлука, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ова беше долго, забавно патување, имаше многу незаборавни моменти и немам што повеќе да додадам, – изјави Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни