Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Крај на една ера: Рекордерот во ЛШ ќе се збогува на „Сантијаго Бернабеу“

Објавено

на

Феликс Брих вчера беше избран за најдобар судија во 2021-ва година од страна на меѓународната Федерација за фудаблска историја и статистика (ИФФХС), а тоа доаѓа во моменти пред да го отслужи последниот меч на интернационална и највисока сцена.

Легендарниот германски арбитар става крај на својата успешна интернационална кариера, и тоа во сценарио какво што му доликува на апсолутниот рекордер во Лигата на шампионите.

Брих ќе ја дели правдата на големото дерби меѓу Реал Мадрид и Интер кое утре се игра во шпанската престолнина, што значи дека крај на својата блескава меѓународна кариера ќе стави на „Сантијаго Бернабеу“.

Феликс со своите 68 арбитражи во Лигата на шампионите е апсолутен рекордер во најелитното европско клупско натпреварување, а негов хајлајт сигурно ќе биде финалето од 2017-та година кога Реал го победи Јувентус со 4:1.

Куриозитет на последниот меч ќе биде тоа што Брих за првпат ќе му суди на Интер, што прави клубот од Милано да биде 71-от тим на кој му судел во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни