Поврзете се со нас

Франција

Крај на една ера: Од ПСЖ го потврдија заминувањето на две големи ѕвезди и уште тројца други фудбалери

Објавено

на

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, во интервју за француските медиуми потврди кои фудбалери и дефинитивно ќе си заминат од клубот ова лето.

Станува збор за искусните Единсон Кавани и Тијаго Силва кои како слободни агенти ќе може да ја изберат следната дестинација во која ќе играат следната година.

И двајцата ќе останат во клубот додека не се комплетира сезоната затоа што ПСЖ иако нема да го доигра шампионатот во Франција се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите каде ќе има тешка задача да стигне до самата завршница.

– Ова беше навистина прекрасно патување кое за жал дојде д самиот крај. Моравме да донесеме логични одлуки и на финаинсиски план, но и на играчки план, земајќи ги предвид играчите од следната генерација кои доаѓаат кај нас.

– Можеби ова е погрешна одлука, не знам. Никогаш не може да најдеш перфектен момент за тоа. Лигата на шампионите останува на агендата и планот е да останат до крајот на тоа натпреварување, -порача Леонардо.

Освен Кавани и Силва таборот на ПСЖ со сигурност ќе го напуштат и Томас Мение, Ерик МАксим Чупо Мотинг и Лајвин Курзава.

Сите играчи не треба да се грижат за својата иднина затоа што уште од сега големите европкси екипи пројавија сериозен интерес за нив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни