Поврзете се со нас

Шпанија

Крај на една ера: Најуспешниот играч во историјата на Шпанија објави пензија (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Хесус НАвас во месец јули го освои второто Европско првенство во својата кариера, успех со кој стана најуспешен фудбалер во историјата на шпанската репрезентација.

Легендарниот капитен на Севилја претходно освои трофеи и на Светско првенство и во Лигта на нации, па со вкупно четири големи титули ја завршува кариерата како најуспешен во историјата.

Навас денеска емотивно се обрати и порача дека става крај на својот незаборавен пат како шпански репрезентативец, обелоденувајќи дека му порачал на Луис де ла Фуенте да не го повикува за предизвиците во месец септември.

– Сум го кажал ова безброј пати, ќе го кажам повторно: Најголемо нешто во мојата кариера е тоа што ја претставував мојата земја. После 56 натпревари и четири освоени титули, утре ќе доживеам уште еден голем ден во кариерата. За првпат знам дека моето име нема да се најде на списокот. Таа магија ја одбележа мојата кариера, секогаш емотивно ми трепереше срцето кога ќе го прочитав моето име.

– Стигнав највисоко како професионалец, а бидејќи веќе најавив дека ова ќе биде моја последна сезона и во Севилја, време е да се тргнам настрана. Благодарен сум им на сите селектори, на сите соиграчи, на сите вработени во репрезентацијата. Им благодарам на сите што поделија незаборавни моменти со мене. За крај, најголема благодарност до навивачите. Секогаш бевте со нас, секогаш не поддржувавте кога нешто не функционираше. Моја желба е успесите на тимот да не застанат, од денеска ќе бидам навивач плус за Шпанија и се надевам дека ќе продолжиме да пишуваме историја, – порача Навас.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни