Поврзете се со нас

Шпанија

Крај на една ера: Капитенот на Реал оди во Саудиска Арабија, „кралевите ловат“ талент како негов наследник

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Актуелниот шпански и европски шампион Реал Мадрид останува без уште еден значаен играч, поточно сезоната 2023/2024 е последна за него во клубот.

Од претходно беше познато дека Реал го губи Тони Крос кој одлучи да стави крај на кариерата, но тоа нема да биде единствениот удар затоа што „кралевите“ го губат и капитенот Начо Фернандез.

Начо целиот свој живот му го посвети на шпанскиот великан, потекнува од школата, а од 2011 година беше дел од првата екипа со која ги освои сите можно трофеи. Актуелниот договор му истекуваше на крајот на месецов, истиот нема да биде продолжен или во конретниот случај ова значи дека дефанзивецот оди во Саудиска Арабија.

Тој се договорил со Ал Кадсија, тим во кој тренер е Мичел. Според „Марка“ се работи за двегодишна соработка, играчот ќе заработи околу 10 милиони евра.

Со ова се става крај на една ера затоа што Фернандез дефинитивно беше едно од лицата на клубот, капитен и останива да се види кој во иднина ќе биде продолжена рака на Карло Анчелоти на теренот.

Реал веќе се впушти во акција за негов наследник, изборот е паднат на талентираниот Лени Јоро од Лил кој има 18 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни