Поврзете се со нас

Свет

Крај на една ера: Историската промена во Порто го присили Консеисао да си замине од клубот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCPorto

Серхио Консеисао неодамна стави потпис на нов договор со Порто во важност до 2028-ма година, но после неколку месеци, денеска пристигна официјална информација дека тој веќе нема да го води тимот.

Легендарниот Португалец прерасна во заштитен знак за Порто и како играч и како тренер, а по седум години како лидер на тимот кој оствари историски резултати, си оди со подигната глава.

Иднината на Консеисао беше сериозно доведена во прашање во монетот кога Вилјаш Боаш победи на претседателските избори, па така еден месец подоцна стана јасно дека новиот мандатар ќе има свој избор за лидер на првиот тим.

Консеисао освои 11 трофеи во изминатите седум години и тоа е апсолутен рекорд за еден тренер на Порто, но Серхио изби прв на вечната листа и по бројот на одиграни натпревари (379) и остварени победи (274).

Со сите овие успеси, Консеисао со златни букви го испиша своето име во историските читанки на Порто, па сега останува да се види кој ќе биде човекот кој ќе го наследи на „Драгао“.

Пред да пристигна Вилјаш Боаш во клубот, местото на Консеисао како тренер на тимот беше загарантирано, но историската промена и поразот на Пинто да Коста на изборите стави крај на една навистина убава приказна (86-годишниот Португалец беше на чело на Порто од 1982 до 2024-та година).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни