Поврзете се со нас

Шпанија

Крај на една ера: Играчот кој уринираше крв за Атлетико пред трансфер во Севилја

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Саул Нигез е еден од фудбалерите по кои можеше да се препознае стилот на игра кој го негува Диего Симеоне, но откако офанзивниот фудбалер ги остави најдобрите години зад себе, сега двете страни се подготвени за крај на една ера.

Како што јавува угледната „Марка“, Саул од прва рака бил информиран дека повеќе нема место за него во првиот тим на Атлетико, а оваа вест му ја соопштил токму Чоло Симеоне.

Тренерот на Атлетико најискрено му предочил на Нигез дека најдобро за него е да си пронајде нова средина, па ваквиот совет бил добро прифатен од Саул и покрај големата поврзаност со клубот.

Нигез беше доста интересен пред неколку години кога откри дека уринирал крв додека играл натпревари за Атлетико (поради проблеми со бубрезите), но после 16 сезони минати во клубот, сега е подготвен за нова авантура во Шпанија.

„Марка“ открива дека најблиску до негов ангажман е Севилја, клуб кој во моментов преговара со самиот фудбалер за намалување на платата која во моментов е недостижна за нив (7 милиони евра по сезона).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни