Поврзете се со нас

Шпанија

Крај на една ера: Барселона со емотивно видео и моќна порака го испрати Суарез во Атлетико

Објавено

на

Откако Луис Суарез го напушти со солзи тренинг центарот на Барселона, беше јасно дека во најскоро можно време ќе биде претставен како ново засилување на Атлетико Мадрид, а тоа се случи неколку минути по полноќ во вечерта која измина.

Двата клуба пренесоа дека искусниот Уругваец се сели во шпанската престолнина во трансфер за кој Атлетико првично нема да исплати ниту едно евро, но операцијата може да достигне шест милиони евра доколку бидат исполнети неколку варијабли во склучениот договор.

На овој начин, Суарез се претвора во најголемо засилување за Атлетико во овој летен преоден рок, а исто така стана јасно дека Уругваецот уште две сезони ќе го гледаме во шпанската Примера, натпреварување во кое навикнавме да го гледаме во изминативе шест сезони.

Барселона одлучи со сите почести да го испрати својот трет најдобар голгетер во историјата и закажа прес-конференција за утре попладне во 12:30 часот, на која „Ел Пистолеро“ ќе биде испратен онака како што доликува, односно како вистинска легенда на клубот.

Пред тоа, крајно емотивно беше и речиси четириминутното видео кое го изработи Барселона, кое завршува со кратка, но многу моќна порака.

– Луис, ти секогаш ќе бидеш дел од нашата историја. Ти благодариме многу и со среќа!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни