Крај на една блескава кариера: Хорхе Лоренцо во 15:00 часот ќе најави повлекување од мотоциклизмот

lorenco-potop

Ветеранот во Мото ГП натпреварувањата, Хорхе Лоренцо свика специјална прес конференција за денес во 15:00 часот на која веројатно ќе објави дека се повлекува од возењето и дека става крај на богатата кариера.

Шпанскиот мотоциклист зад себе има кошмарна сезона во која постојано беше некаде кон дното на табелата, а во која имаше и еден инцидент и го повреди грбот, по што мораше да паузира на три трки.

Најдобар пласман на Хорхе Лоренцо оваа сезна е 11. позиција, па токму тоа го натера да се повлечеод мотоциклизмот иако има уште три години од договорот со Репсол Хонда.

Инаку Лоренцо е во Светскиот шампионат на мотоциклизмот уште од 2002 година кога започна во категоријата до 125 кубици, за потоа да премине на 250 кубици кога во 2006 и 2007 беше светски шампион.

Најголемите успеси во Мото ГП ги оствари возејќи за Јамаха со која освои три шампионски титули во 2010, 2012 и 2015 година.

Facebook Коментари