Поврзете се со нас

Свет

Крај на драмата: Таткото на Луис Дијаз конечно е ослободен од киднаперите (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Таткото на ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз конечно е на слобода, поточно беше ослободен од киднаперите кои го држеа скоро две недели.

Дијаз сениор и неговата сопруга беа нападнати и киднапирани на 28 октомври и тоа од страна на припадниците на Националната ослободителна армија (ЕЛН). По неколку часа беше ослободена госпоѓата Мураланда, но не и таткото на колумбискиот репрезентативец.

Долго време траеше мисијата за негово спасување за да денеска се стави крај на драмата и тој во моментов е во рацете на хуманитарна комисија составена од Обединетите нации и Католичката црква.

Вооружената група го предала Луис Мануел Дијаз на хуманитарна комисија составена од канцеларијата на Народниот правобранител, Обединетите нации, Католичката црква и делегацијата на Црвениот крст.

Тој со хеликоптер ќе биде пренесен до семејството кое веќе го слави неговото ослободување во родниот град Ла Гуахира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни