Поврзете се со нас

АТП

Крај на чекањето: Федерер испрати порака пред дефинитивното враќање на терените (Видео)

Објавено

на

blank

Тенискиот турнир во Доха кој започнува во понеделник ќе биде во центарот на јавноста, од едноставна причина што на терените во Катар ќе го видиме враќањето на швајцарскиот маестро, Рожер Федерер.

Искусниот тениски ветеран го закажа кам-бекот на терените по пауза од точно една година, период во кој мина во изолација во родната Швајцарија поради Ковид пандемијата, но подлегна и на две операции на коленото.

Повредата направи Федерер да има огромна пауза и претпазливо враќање на терените, па токму поради тоа, тој одлучи да не игра на Австралија Опен и да настапи на помал турнир.

– Штотуку треба да тргнеме и да полетаме за Доха. Помина една година од мојот последен меч на АТП турот и навистина има многу емоции. Им благодарам на сите кои направија ова да биде возможно.

– Ова беше дол пат и се уште не е завршен, но ова е почетокот. Тренирав многу добро во последно време и едвај чекам да се појавам на теренот. Се надевам дека и вие ќе го гледате турнирот. Ве молам внимавајте на себе, – порача Федерер кој ќе биде дел од турнирот кој е од Мастерс серијата 250.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни