Поврзете се со нас

Европски купови

Крај на авантурата во ЕХФ Купот: Кумановки го поправија впечатокот, но по вторпат загубија од Галичанка

Објавено

на

blank

Македонскиот ракомет остана без претставник во женскиот ЕХФ Куп, откако ЖРК Куманово не можеше да се носи со силната Галичанка Лвов и во вториот натпревар кој се одигра денеска.

За разлика од првата средба од пред два дена, кумановки денеска парираа многу подобро и во првиот дел имаа и водство од 16:15, но во второто полувреме постигнаа само десет гола и загубија со 26:31.

Кумановки на овој начин ја завршија својата европска авантура со два порази во пресметките со Галичанка, во кои реално гледано имаа улога на аутсајдерки.

Александра Боризовска со седум постигнати гола беше најдобар во македонскиот тим денеска, а во противничкиот табор, Фурманец беше најефикасна со исто толку реализации како македонската ракометарка.

Објективно гледано, денешното издание на кумановки беше далеку подквалитетно и оставија подобра слика за себе, бидејќи првиот меч го загубија со 33:17.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни