Крафт постави нов светски рекорд на леталницата во Викерсунд (Видео)

EPA/Terje BendiksbyEPA/Terje Bendiksby

Австриецот Штефан Крафт денеска постигна нов светски рекорд, комплетирајќи скок долг 253,5 метри за време на натпреварот од Светскиот куп во ски-скокови во Викерсунд, Норвешка.

Крафт го обезбеди најдолгиот скок во историјата на тимското натпреварување, соборувајќи го 20 минути стариот рекорд на Роберт Јохансон кој пред него скокна тогаш рекордни 252 метри.

Пред денешниот натпревар, сопственик на рекордот беше Андерс Фанамел кој на оваа леталница имаше скок од 251,5 метри во 2015 година.

Facebook Коментари