Англија
Крадецот кој ги нападна Колашинац и Озил пред пет години: Требаше да бидат лесни 150 илјади фунти (Видео)
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/12/kolasinac-kradci.jpg)
Месут Озил и Сеад Колашинац беа предмет на драматичен обид за грабеж во познат дел од градот Лондон, а само храбрата реакција на босанскиот фудбалер направи крадците да избегаат и да останат без посакуваниот плен.
Колашинац се покажа како вистински херој и смелоста и храброста кои ги презентираше наидоа на огромна популарност во јавноста, но посебна благодарност доби од Озил кој во страшниот момент морал да мисли и на сопругата која останала во автомобилот.
Двете ѕвезди останаа недопрени и без никакви последици, но пет години подоцна, осудениот напаѓач во вооружениот грабеж се исповеда во еден поткаст и откри дека тој воопшто не користел нож при нападот.
– Јас и мојот соработник бевме гладни за такви кражби, не ги биравме жртвите, само чекавме да се појави нешто што ќе ни го привлече вниманието. Некогаш го погодувате „пленот“, понекогаш е.
– Во ситуацијата со фудбалерите не пројде онака како што сакавме. Понекогаш успевате, понекогаш не. Лесно ќе добиевме 150 илјади фунти ако ги ограбевме, тоа ќе беше најмалку што ќе добиевме. Но, исто сакам да кажам дека воопшто не користев нож, во рацете имав игла за плетење, – открива напаѓачот Ешли Смит.
Крадецот беше приведен од полицијата четири месеци по настанот, потоа беше осуден на десетгодишна затворска казна, но поради добро поведение бил пуштен на слобода пред неколку месеци.
-
АТП23 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија19 часа
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Шпанија21 час
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Свет18 часа
Саудијците тврдат: Роналдо прифатил да стави потпис на неверојатен договор со Ал Наср
-
Шпанија22 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
Франција21 час
Луис Енрике го дозна резултатот од „Ел Класико“, па му постави едно прашање на новинарот (Видео)
-
Шпанија9 часа
Фановите на Реал му пресудија на еден стартер по потопот од Барселона: Не си достоен за дресот (Фото)
-
Боречки спортови22 часа
Фјури објави крај на кариерата со мистериозна порака (Видео)