Поврзете се со нас

Шпанија

Крадци влегле во домот на Рамос додека во него биле неговите четири деца

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Непријатен момен доживеало семејството на Серхио Рамос, вечерта кога Севилја играше во Лигата на шампионите против Ленс.

Дефанзивецот се врати во својот матичен клуб, преселувајќи се во Севилја заедно со семејството, но непоканетите гости влегле во нивниот луксузен дом уште на дебито во Лигата на шампионите.

За ситуацијата да биде покомплексна, за време на грабежот, во домот биле четирите деца на фудбалерот, заедно со нивните дадилки, но за среќа немало повредени или некој посериозен проблем за нив.

Крадците со себе однеле накит и вредни предмети, а полицијата се уште ги нема идентификувано и се обидува да го расчисти случајот.

За разлика од Рамос кој имал обврски кон својот клуб во Севилја, неговата сопруга Пилар Рубио не била во градот поради своите професионални обврски.

Големата фудбалска ѕвезда доживеа слична ситуација и за време на престојот во Мадрид, кога во 2012 година крадци влегле во неговиот дом, додека Рамос бил во друштво на својот брат, но натрапниците побегнале затоа што не очекувале дека ќе има некој во куќата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни