Поврзете се со нас

Свет

Крадци собрале богат плен од куќата на Жиру во Лос Анџелес

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LAFC

Оливие Жиру доживеал прв поголем проблем по преселбата во Соединетите Американски Држави, откако непознати лица провалиле во куќата во која живее и оттаму собрале навистина богат плен.

Французинот и неговата сопруга не биле во семејниот дом во Лос Анџелес кога се случил нападот, но американските таблоиди тврдат дека крадците си заминале со многу вредни предмети со проценета вредност од барем половина милион долари.

Вредниот накит и часовниците го привлекле вниманието на засега непознатите криминалци, па откако непречено влегле во вилата, на сличен начин и заминале со својот плен.

Инцидентот се случил на почетокот на февруари, но информацијата дури денеска стигнала до таблоидите, кои потенцираат дека полицијата засега нема напредок во однос на потрагата по сторителите.

Жиру ја одигра првата сезона во МЛС, во рамките на Лос Анџелес ФЦ и се подготвува за следните предизвици со американскиот клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни